Македонија В недела привремен сообраќаен режим на Трета македонска бригада

В недела привремен сообраќаен режим на Трета македонска бригада

В недела, на дел од улицата Трета македонска бригада, на потегот од крстосницата со улицата Васко Карангелевски до улицата Никола Карев, ќе се воведе привремен сообраќаен режим, во времетраење од 8 до 17 часот, а на коловозот ќе се постави соодветна патна сигнализација.

Привремениот сообраќаен режим ќе се воведе поради изведување прекопи за поставување подземни инсталации.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат нa привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.