Македонија Утринава состанок на Кризниот штаб

Утринава состанок на Кризниот штаб

За утринава повторно е закажан состанок на кризниот штаб во Министерството за транспорт и врски. Кризниот штаб е меѓуресорно тело за справување од елементарни непогоди и невреме.

На состанокот се повикани повеќе министри од министерствата од кои се детектирани проблеми.
На состанокот покрај министерот за транспорт, Миле Јанакиески, треба да учествуваат и министерот за одбрана, Зоран Јолевски, за образование, Абдилаќим Адеми, и за здравство, Никола Тодоров. Повикани се и сите директори на агенции, државни институции кои може да придонесат во стабилизирање на состојбата.