Дописници Утре во Охрид нова „бомба”, митинг на плоштадот и говор на Зоран...

Утре во Охрид нова „бомба”, митинг на плоштадот и говор на Зоран Заев

Утре, во 14 часот, од Охрид ќе одекне нова „бомба“ на СДСМ, во рамките на проектот „Вистината за Македонија“.

Тематската прес-конференција, посветена на локални теми, а на која ќе бидат објавени нови прислушувани материјали, со обраќање на претседателот на општинската организација на СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев, ќе се одржи во хотелот „Ривиера“.

СДСМ, утре во Охрид, ќе организира и „Марш на вистината“, кој ќе почне во 18.30 часот на плоштадот Крушевска република, кај стариот чинар. Маршот ќе заврши на градскиот плоштад, со обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Опозицискиот лидер Заев, претходно изјави дека новиот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, треба да замине или, во најмалку, да се посрамоти откако ќе одекне вистината како тој дошол до градоначалничката функција.