Култура Утре се одбележува Денот на реката Дрим

Утре се одбележува Денот на реката Дрим

Под мотото „Во срцето на Дрим – река на жива вода“, утре ќе биде одбележан Денот на река Дрим.

Манифестацијата е организирана на иницијатива на еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид, со поддршка на проектот од ГЕФ – „Овозможување прекугранична соработка и интегрирано управување со водните ресурси во поширокиот слив од реката Дрим“.

Активностите ќе почнат утре претпладне во манастирскиот и туристички комплекс „Свети Наум“, со учество на бројни еколошки друштва и на други граѓански здруженија и институции.