Македонија Утре почнува летото

Утре почнува летото

Од утре во Македонија и на северната хемисфера почнува летото. Истовремено, на јужната полутопка настапува зимата.

Во Македонија летото ќе почне утре 12.07 часот. Сонцето ќе изгрее во 4.58 часот, а ќе зајде во 20.12 часот. Утрешниот, 172 ден во годината е најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути.

Летото ќе заврши на 22 септември, кога ќе почне есента.

На првиот ден од летото, според најавите од синоптичарите, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.