Свет Балкан Уставниот суд ја укина пресудата на Санадер за аферите „Ина-МОЛ“ и „Хипо“

Уставниот суд ја укина пресудата на Санадер за аферите „Ина-МОЛ“ и „Хипо“

Уставниот суд му ја укина на Иво Санадер пресудата во аферите „Ина-МОЛ“ и „Хипо“ и наложи повторно судење, јавува „Јутарњи лист“, повикувајќи се на неименувани судски извори.

Станува збор за пресуда на Жупанскиот суд во Загреб, со која во 2012 година беше прогласен за виновен за воено профитерство и за злоупотреба на положбата и на овластувањата.

Пресудата минатата година ја потврди Врховниот суд, но му ја намали казната од десет на осум и пол години затвор.

Без разлика на падот на пресудата, Санадер останува во затвор поради истражниот притвор во аферата „Феми-медија“.