Македонија Уставниот суд годинава со 41 отсто помали сметки за струја споредено со...

Уставниот суд годинава со 41 отсто помали сметки за струја споредено со лани

Фото: Мета.мк

Уставниот суд се придржува до препорачаните мерки за штедење на Владата во текот на енергетската криза. Од Уставниот суд информираат дека во текот на септември, октомври и ноември 2022 година работеле одговорно и домаќински кон потрошувачката на струја во услови на енергетска криза.

„Согласно направената анализа платени се сметки за електрична енергија во износ  кој е за 41 отсто помал од она што е платено лани за септември, октомври и ноември. Минатата година Уставниот суд за сметките за електрична енергија издвои околу 436 илјади денари за трите месеци, годинава за истиот временски период сумата изнесува околу 253 илјади денари“, се наведува во соопштението на Уставниот суд.

Тие напоменуваат дека Уставниот суд не бил опфатен во извештаите на министерот за економија, кој изминатиот период информираше за заштедите на електрична енергија во државните институции.