Галерија Уставен суд се закити со три големи македонски знамиња

Уставен суд се закити со три големи македонски знамиња

На зградата на Уставниот суд поставени се три големи македонски знамиња, како тоа што беше поставено на Порта „Македонија“ по протестот одржан од ГДОМ во четвртокот.

Денеска знамето што се вееше на Порта „Македонија“ го нема, а поставени се три на Уставниот суд.

Полицијата во моментов го напушта просторот околу Судот. Таму беа присутни голем број специјалци поради најавата на граѓанската иницијатива „Протестирам“ дека од Специјалното јавно обвинителство ќе се упатат кон Уставниот суд.