Македонија Уставен суд постави пречка Владата да прогласува објекти од посебен интерес

Уставен суд постави пречка Владата да прогласува објекти од посебен интерес

Уставниот суд вчера го укина членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање и од барок „ги спаси“, меѓу другите, Градскиот трговски центар, Универзитетската библиотека и Македонската опера и балет.

На вчерашната седница мнозинството судии гласале за укинување на членот 50 од Законот за урбанизам и просторно планирање, кој на Владата ѝ даваше можност да прогласи објекти од посебен интерес и за нив да ги одземе ингеренциите на општините.

Дури во април годинава, Уставниот суд одлучи да расправа за иницијативата за укинување на членот 50 од Законот.