Свет Европа Успешно лансирана правата ракета од новиот руски космодром

Успешно лансирана правата ракета од новиот руски космодром

Ракета „Сојуз 2“, која во орбитата околу Земјата однела три научни сателита, утрово успешно полета од новиот руски космодром Восточни.

Тоа е прво лансирање на ракета од овој космодром, изграден за Русија да ја намали својата зависност од Казахстан.

„Ракетата успешно полетала во предвиденото време, точно во 11.01 по локално време“, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос и додаде дека сателитите веќе се во орбитата.

Руските телевизии емитуваа снимка од полетувањето на ракетата, а на лансирањето присуствуваше и рускиот претседател Владимир Путин.