Хроника Уште едно малолетно девојче пријавено за исчезнато

Уште едно малолетно девојче пријавено за исчезнато

Четиринаесетгодишно девојче вчера попладне било пријавено за исчезнато во полициската станица Аеродром, информираат од МВР.

Случајот го пријавил Е.А. (71), кој рекол дека неговата внука во понеделникот, околу 15 часот, се оддалечила од дома во непознат правец.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на девојчето.

Четиринаесетгодишно девојче, во средата вечерта, исто така беше пријавено за исчезнато во полициската станица Гази Баба.