Главна секција Уште двајца уапсени во акцијата „Пуч“

Уште двајца уапсени во акцијата „Пуч“

Двајца се уапсени попладнево во продолжение на акцијата „Пуч“. Според информациите од МВР, едниот уапсен е вработен во министерството, на возраст од 52 години, а вториот е 49-годишно лице, поранешен вработен во полицијата, кој во 2013 добил отказ.

Според досега документираните сознанија, двајцата биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, преземајќи активности и чекори за кои биле богато финански наградени.

Попладнево тие се изнесени пред судија во предистражна постапка, а на едниот веќе му е одредена и мерка притвор.