Главна секција Урната оградата околу темелите за крстот во Бутел, демонстрантите поставија шатори

Урната оградата околу темелите за крстот во Бутел, демонстрантите поставија шатори

Група демонстранти предводена од раководството на ДУИ во моментов е во Бутел на местото каде што е поставен камен-темелникот за крстот, објави „Нова ТВ“.

Тие го разурнаа целиот ограден простор околу темелникот и поставија шатори и албански знамиња. Дел од демонстрантите на новинарските екипи им забрануваат да се приближат до местото и до албанските знамиња.

На протестот се присутни и малолетници, а на разглас се држат говори на албански јазик.

Претходно пред присутните се обрати градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, кој порача дека протестот е резултат на верската поделба што се провоцира со поставување на крстот, бидејќи според него, на крстовите и на минарињата, местото им е во верските објекти, а не среде улица.

Иако, според него, се работи за граѓански револт, во првиот ред предводници на поворката демонстранти беа функционерите на ДУИ.