Технологија Гаџети Урнат рекорд во продажба на паметни телефони

Урнат рекорд во продажба на паметни телефони

Кинеската компанија „Ксиаони“ го урна светскиот рекорд за број на продадени паметни телефони во еден ден. За 24 часа, компанијата успеала да продаде 2,11 милиони уреди.

Ваквата продажба на компанијата им донела дури 335 милиони долари. За да го постават овој рекорд, тие организирале фестивал „Ми фан“, на кој ги повикаа корисниците да купат уреди по евтини цени.

Дека „Ксиаоми“ не е шега, покажува тоа што компанијата минатата година продаде 61 милиони паметни телефони, со што се најде на третото место, зад „Епл“ и „Самсунг“.