Свет Свет Ураганот Алекс стига на Азорските Острови

Ураганот Алекс стига на Азорските Острови

Американскиот национален центар за урагани соопшти дека ураганот Алекс ќе ги погоди Азорските Острови со ветрови со јачина од 160 километри на час. Се очекува висната на брановите да достигне и до 18 метри.

Ураганот Алекс се формирал над Атлантскиот Океан, а првата таква бура е забележана во јануари 1938 година, соопшто американскиот национален центар за урагани.

Алекс се формирал на околу 400 километри јужно од островот Фаиал и се движи кон Азориските Острови со брзина од 30 километри на час.

Властите на Азорските Острови прогласија највисок степен на опасност од невреме.