Македонија УПОЗ најави штрајк доколку нема средба со министерот за правда

УПОЗ најави штрајк доколку нема средба со министерот за правда

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Здружението на судска администрација до петок ќе чекаат да остварат средба со министерот за правда, на која би разговарале за спорните одредби од Законот за судска служба, а доколку тоа не се случи, за следната недела најавуваат повторно активирање на штрајкот.

Претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски, денеска на прес-конференција информира дека во текот на вчерашниот и на денешниот ден добиле позитивни сигнали за реализирање на ваква средба.

– Во досегашниот период имаше само една понуда за средба од министерот за правда, која од наша страна не беше прифатена поради обврски, но во текот на вчерашниот и на денешниот ден има позитивни сигнали за можност за преговарање. Одлучивме до петок да седнеме и конкретно да се договориме – истакна Грујовски.