Дописници Уникатни графики изработени во техниката укијое, изложени во Струга

Уникатни графики изработени во техниката укијое, изложени во Струга

Изложба на колор-принтови од дрворези работени во јапонскиот стил укијое, од некои од најзначајните јапонски уметници, отворена е во музејот „Д-р Никола Незлобински“ во Струга.

Стилот укијое се појавува во 17 век и произлегува од потребите за истражување во уметноста.

Од уметниците што применуваат ваква техника било барано да ги претставуваат убавите куртизани покрај темите со сумо-борби или портрети на воини.

Изложбата е во рамките на проектот „Мрежа на музеи“ (MuseumLINK).