Свет Европа Унгарија размислува за коридор за бегалците

Унгарија размислува за коридор за бегалците

Унгарија би можела да ја разгледа опцијата за коридор за бегалците доколку Австрија и Германија го сакаат тоа и овие земји треба да ја преземат одговорноста, изјави денеска шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, Јанош Лазар.

Тој на прес-конференција истакна дека главна цел на унгарските власти била да ги заштитат унгарските граници, поради што и ја подигнале оградата на границата со Србија и со Хрватска и вовеле построги прописи.

– Доколку Австрија и Германија го сакаат ова и ја преземат одговорноста заедно со другите членки на ЕУ, унгарската влада ќе ја разгледа можноста за создавање услови за мигрантите што стигаат од Хрватска на унгарската граница, да се движат понатаму под строго регулирани услови – истакна Лазар.