Дописници Унапредување на заштитата на културното и природното наследство на охридскиот регион

Унапредување на заштитата на културното и природното наследство на охридскиот регион

Во Охрид денеска се одржува работен состанок во рамките на Проектот за интегрална заштита на културното и на природното наследство на охридскиот регион, поддржан од ЕУ и од УНЕСКО.

Намерата е да бидат идентификувани постојните структури и процеси во прекуграничната соработка и да се воспостави и да се унапреди прекугранична платформа за управување со наследството во регионот околу Охридско Езеро.

На средбата е предвидено да се разговара за главните фактори што неповолно влијаат на природното и на културното наследство на охридскиот регион, пред сè, на прашањата на прекумерната и неконтролирана урбанизација, третманот на отпадот, миграциските процеси, како и прекумерното искористување и уништување на природните ресурси.
Учествуваат преставници од надлежните министерства од Македонија и од Албанија, од локалните самоуправи во регионот, како и преставници на УНЕСКО, Меѓународниот совет за споменици и локалитети и на Меѓународната унија за заштита на природата.