Македонија Умерено облачно време со температура до 26 степени

Умерено облачно време со температура до 26 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно со слаб, а во запaдните делови од земјата умерен, повремено засилен ветер од западен правец.

Попладне се очекува зголемување на облачноста со локални, краткотрајни врнежи од дожд.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 11 Целзиусови степени, а дневната од 19 до 26 степени.

И во Скопје времето ќе биде умерено облачно, со слаб ветер од северозападен правец. Попладне се очекува зголемување на облачноста со услови за слаб краткотраен дожд.

Утринската температура во главниот град се движи околу 8 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 22 степени.