Македонија Умерено облачно со локален дожд

Умерено облачно со локален дожд

Времето денеска ќе биде умерено облачно. Во попладневните часови се очекува појава на локален дожд и грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец, кој ќе достигнува брзина и над 70 км/час.

Минималната температура ќе се движи од шест до 13, додека максималната од 18 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината се очекува слично време, со температура од девет до 23 Целзиусови степени.

Променливото и нестабилно време ќе потрае до четврток, кога се очекува затоплување.