Свет Европа Украински беспилотни летала ја погодија руската нафтена рафинерија Сизран, вели гувернерот на...

Украински беспилотни летала ја погодија руската нафтена рафинерија Сизран, вели гувернерот на областа Самара

Според гувернерот Димитриј Азаров, во нападот немало жртви но еден од објектите бил опожарен

Градот Сизран на реката Волга | Фото: Артем Светлов (Artem Svetlov), CC BY-SA 4.0, Викимедија комонс

Гувернерот на руската област Самара изјави дека украински беспилотни летала погодиле две нафтени рафинерии кои припаѓаат на државниот нафтен гигант Роснефт, објави Ројтерс. Според него, во нападот немало жртви но еден од објектите бил опожарен.

Рафинеријата Сизран во регионот на реката Волга беше во пламен, но нападот врз рафинеријата Новокубишев беше спречен, рече гувернерот Дмитриј Азаров во изјава објавена на неговиот канал на Телеграм.

Тој рече дека работниците во двете централи се евакуирани и дека нема жртви.
На непотврдените снимки објавени на интернет се гледа голем пожар во рафинеријата Сизран, при што е наведено дека службите за итни случаи работат на местото на настанот.

Украина во последниве недели силно ја таргетираше руската нафтена инфраструктура, напаѓајќи ги рафинериите низ европскиот дел на Русија.

Гувернерот на пограничната провинција Белгород, кој беше под речиси постојан напад во последниве месеци, рече дека пет лица, меѓу кои и едно дете, биле повредени во напад на беспилотно летало врз автомобил кој патувал во близина на украинската граница.