Македонија Украина уништи руско складиште за муниција во окупираниот Херсон

Украина уништи руско складиште за муниција во окупираниот Херсон

Извор на фотографија: Укринформ

Украинските сили уништиле руско складиште за муниција во селото Рикове во близина на пристанишниот град Хеническ, во јужниот регион Херсон окупиран од Русија, пишува Гардијан. Според Серхи Брачук, портпарол на воената администрација на Одеса, украинската војска утрото извела силен удар во регионот каде било лоцирано значајно складиште за муниција.

Украинските медиуми објавија видеа на кои се гледа огромен облак чад кој се издигнува далеку на хоризонтот со звуци на експлозии и запалени проектили кои летаат кон небото.

Рикове се наоѓа на железничка линија на околу 20 километри од Хеническ, пристанишен град покрај Азовското Море во јужна Украина, кој беше окупиран од силите на Кремљ уште од првите денови на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.