Свет Европа Украина: Снајперист пукал во врховниот државен обвинител

Украина: Снајперист пукал во врховниот државен обвинител

Властите во Украина соопштија дека вчера од снајперска пушка е стрелано во врховниот државен обвинител Виктор Шокин. Нападот се случил во моментот додека Шокин бил во својот кабинет, а како што соопштуваат, го спасиле стаклата кои се отпорни на куршуми.

Медиумите јавуваат дека украинскиот врховен државен обвинител вчера се наоѓал во својот кабинет со соработниците кога од снајпер се истрелани три куршуми.