Свет Свет Украина: 18 обвинети за немирите пред Парламентот

Украина: 18 обвинети за немирите пред Парламентот

Украинското обвинителство покрена обвиненија против 18 лица за организирање на судирите пред зградата на парламентот на Киев на 31 август, соопшти прес-службата на обвинителството.

„Во рамките на актуелната истрага на настаните од 31 август пред зградата на парламентот, обвинение е покренато против 18 лица“, стои во соопштението.

Во судирите меѓу полицијата и демонстрантите на 31 август, пред зградата на парламентот загинаа три лица, а 141 беа ранети, откако некој од толпата фрли бомба на полицискиот кордон.

Судирите избија откако пратениците ги одобрија уставните измени кои предвидуваат поголеми овластувања за регионот Донбас.