Хроника Украден пиштол, пари и накит од куќа во Битола

Украден пиштол, пари и накит од куќа во Битола

Непознат сторител во периодот од 17 до 21 август годинава ограбил куќа на битолската улица „Буковски Мост“.

Крадецот со подесен алат делувал на задната дрвена врата од визбата преку која влегол во спалната соба од каде одзел: службен пиштол марка „ЦЗ 99“, калибар 9мм, во кој имало рамка со 15 куршуми, паричник во кој имало 7.000 денари, 100 австралиски долари и разновиден златен накит, по што го напуштил лице местото.

Украдената роба се проценува на 90.000 денари.

Полицијата извршила увид и трага по крадецот.