Економија УЈП: Подготвен е системот за плаќање придонеси за хонорарците

УЈП: Подготвен е системот за плаќање придонеси за хонорарците

Подготвен е системот за пресметка и за уплата на придонесите на приходите од договори на дело, авторски договори и други договори, соопшти Управата за јавни приходи.

Софтверот, заедно со упатството за неговото користење, се поставени на веб-страницата на УЈП.

Од УЈП потсетуваат дека обврската за плаќање придонес за пензиско и за инвалидско осигурување и придонес за здравствено осигурување се однесува за примените (исплатените) надоместоци по договори почнувајќи од 1 јануари 2015 година.