Македонија УХМР: Денеска нестабилно со пороен дожд и грмежи

УХМР: Денеска нестабилно со пороен дожд и грмежи

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

фото: УХМР (Фејсбук)

Метеопредупредување упати претпладнево Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од таму најавуваат дека денеска ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во текот на денот, пак, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен прооен дожд, силен ветер од над 70 километри на час и појава на град.