Македонија Угина еден од морските лавови во скопската Зоолошка градина

Угина еден од морските лавови во скопската Зоолошка градина

Зоолошката градина во Скопје соопшти дека утринава угинал едниот од двата морски лавови што беа донесени од зоолошката од Загреб, а причината за угинувањето сè уште не е позната.

„Ве известуваме дека денеска во утринските часови угина едниот од двата морски лавови, кои се дојдени од зоолошката градина од Загреб. Не знаеме дали ниската температура и временските услови се причината за угинувањето на морскиот лав. Морскиот лав е даден на обдукција на Факултетот за ветеринарна медицина. По добивањето на резултатите од обдукцијата, подетално ќе известиме за причината за смртта“, велат од Зоолошката градина.

Двата морски лавови, браќата Аби и Кан, кои се калифорниски морски лавови, во ЗОО Скопје пристигнаа во септември 2015 година.

За возврат за двојката морски лавови, скопската зоолошка на загрепската градина ѝ подари два белоглави орли.