Македонија Учителките не смеат да земаат подароци поскапи од 1.000 денари

Учителките не смеат да земаат подароци поскапи од 1.000 денари

Учителките годинава не смеат да земаат скапи подароци за 8 Март. Од 13 минатиот месец, почна да се применува новиот закон за вработените во јавниот сектор, во кој вредноста на подарокот што смеат да го примат државните и јавните службеници е ограничена до 1.000 денари, и тоа најмногу трипати во годината.

Во оваа категорија спаѓаат и учителките и професорките во училиштата. Сепак, дел од учениците во училиштата собираат пари за скапи подароци, пишува весникот „Вест“.