Македонија Учениците од СУГС „Арсени Јовков“ ќе донираат новогодишни пакетчиња на Детската клиника

Учениците од СУГС „Арсени Јовков“ ќе донираат новогодишни пакетчиња на Детската клиника

На Детската клиника во Скопје, денеска во 11 часот, ученици на СУГС „Арсени Јовков“ ќе донираат новогодишни пакетчиња на Одделот за онкологија.

Цели четири месеци учениците работеа на изработка на кукли во народни носии, а продажната хуманитарна изложба се одржа на 12 декември во Драмскиот театар во Скопје.

Проектот е поддржан од Министерството за култура.