Македонија Убиство од автомобил во движење во Тетово

Убиство од автомобил во движење во Тетово

Убиениот бил во своето возило кога бил застрелан од лица кои биле во автомобил во движење

фото: Kenny Eliason на Unsplash

Вчеравечер во Тетово било убиено лице во своето возило – тој бил застрелан од лица кои биле во автомобил во движење, потврдува Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во 20.35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул. Штипска едно лице, кое било со возило марка мерцедес пукало кон возило марка БМВ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало. Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Злосторниците избегале со своето возило.

Неколку медиуми на албански јазик неофицијално објавија дека станува збор за продолжение на стара пресметка меѓу две семејства и дека денешното убиство е поврзано со пукањето во тетовската болница пред неколку месеци.