Свет Европа Убиецот на Њемцов доби 20 години затвор

Убиецот на Њемцов доби 20 години затвор

Московскиот окружен воен суд го осуди убиецот на опозицискиот политичар Борис Њемцов, Заур Дадејев, на 20 години затвор.

Поротата на 29 јуни одлучи дека сите петмина обвинети за убиството се виновни.

Дадајев, поранешен припадник на специјалните полициски сили на Чеченија, е виновен затоа што пукал во Њемцов на Големиот московоречки мост, во близина на Кремљ, на 27 февруари 2015 година.

Вториот обвинет, Тамерлан Ескерханов, е осуден на 14 години затвор и е лишен од сите воени почести и ордени.

Браќата Анзор и Падид Губашев се осудени на 19, односно 16 години затвор, додека Хамзат Бахајев доби 11 години затвор.

Обвинителството вчера побара сите обвинети да бидат осудени на доживотен затвор.