Подглавна секција Убиено бебе во руски напад на североистокот на Украина

Убиено бебе во руски напад на североистокот на Украина

Околу 2 часа и 30 минути по локално време, хотел на три ката е уништен во Золочив со два ракетни напади од страната на „руските окупатори, напиша Синегубов на Телеграм

Фото: Укринформ, архива

Двомесечно бебе загина, а три жени се повредени во руски напад во североисточна Украина, изјави гувернерот на Харковската област Олег Синегубов.

„Околу 2 часа и 30 минути по локално време, хотел на три ката е уништен во Золочив со два ракетни напади од страната на „руските окупатори“, рече Синегубов на Телеграм.

Според него, едно двомесечно дете починало, додека три жени се повредени и пренесени во болница.

Синегубов рече дека во ноќниот напад биле оштетени седум куќи, 19 цивилни инфраструктури (продавници, кафулиња, киосци) и две локални административни згради.

Обвинителството, националната полиција и украинските спасувачи објавија неколку фотографии на кои се гледаат пожарникарите опкружени со урнатини.

Золочив е мал град кој се наоѓа северно од Харков, на помалку од 25 километри од руската граница и имал население од околу 8.000 пред руската инвазија во 2022 година.