Главна секција Убиени двајцата браќа осомничени за масакрот во редакцијата на „Шарли ебдо“

Убиени двајцата браќа осомничени за масакрот во редакцијата на „Шарли ебдо“

Двајцата браќа осомничени за завчерашното убиство на 12 лица во неделникот „Шарли ебдо“ се убиени во заложничката драма, јави „Франс прес“. Саид и Шериф Коуши, според сè уште непотврдени информации, се убиени во печатницата во индустриската зона Дамартин, 30 километри северно од Париз.

Според АФП, пак, неколку заложници се ослободени од супермаркетот.