Свет Свет Уапсени руски војници во Украина

Уапсени руски војници во Украина

Украинската војска соопшти дека уапсила двајца руски војници, кои се бореле со проруските сепаратисти на истокот на Украина.

Владислав Селезнев, портпаролот на Генералштабот, изјави дека украинските безбедносни служби ги испитуваат војниците и оти се наоѓаат на пат кон Киев.

Руските војници се уапсени во градот Шчастија, на самата борбена линија.

Русија негира дека испраќа војници да се борат на страна на бунтовниците, но признава дека извесен број Руси се борат со сепаратистите во регионите на Доњецк и на Луганск.
.