Свет Уапсени двајца регрути на ИД во САД

Уапсени двајца регрути на ИД во САД

Американското Федерално биро за истрага (ФБИ) уапси двајца мажи од југот на Калифорнија, под сомневање дека се обиделе да отпатуваат и да ѝ се придружат на Исламска држава, јавува мрежата „Ен-Би-Си“.

Неименувани безбедносни извори рекоа дека двајцата мажи не биле вооружени и оти не претставувале опасност за граѓаните.

– Уапсените во текот на денот ќе бидат изнесени пред судот во Санта Ана – соопшти портпаролката на ФБИ, Лора Ејмлер.