Свет Европа Уапсени 12 муџахедини во Калининград

Уапсени 12 муџахедини во Калининград

Дванаесет припадници на меѓународната терористичка група Исламско муџахединско џихадистичко движење, синоќа се уапсени во Калининград, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Оперативците во текот на специјалната акција уапсиле 12 лица по потекло од централноазиските земја, кои бил дел од ќелија на исламско муџахединско џихадистичко движење, наведува ФСБ, додавајќи дека можеби биле вмешани во процес на регрутирање.

Оперативна истрага им овозможила на агентите на ФСБ да го идентификуваат водачот на терористичката ќелија, кого безбедносните служби во Узбекистан го ставиле на листа на најбараните личности поради злосторства поврзани со екстремизам.

„Уапсените даваат докази во облик на признанија, од кои некои раскажуваат за активности на нивните роднини во меѓународни терористички организации. Дополнително, оперативците откриле врска меѓу лидерот на ќелијата и истрагата за неговата вмешаност во паравоените сили во Сирија“, стои во соопштението од ФСБ.