Свет Балкан Уапсен терористот Ксирос од 17 Ноември

Уапсен терористот Ксирос од 17 Ноември

 

Грчката полиција го уапси избеганиот терорист Христодулос Ксирос.

Некогашниот член на теорирстичката организација 17 Ноември, сега со перика со долга руса коса, избега од затвор пред точно една година, на 6 јануари, користејќи ја дозволата за излез од затвор за празниците.

Како еден од најактивните членови на 17 Ноември, Ксирос беше обвинет за 33 криминални дела, осуден на шест доживотни казни затвор, 25 години затвор за учество во шест убиства, бомбашки напади, грабежи и учество во терористичка организација.

М.П.