Македонија Уапсен Сулејман Османи, избеганиот терорист од Куманово

Уапсен Сулејман Османи, избеганиот терорист од Куманово

Косовската полиција го уапси Сулејман Османи од селото Брест, осомничен за настаните во Куманово, кој им побегна на македонските полицајци кога им го пакажувал местото каде било скриено оружјето.

Османи, користејќи го непристапниот планински предел, успеал да избега во Косово.

Спред косовската полиција, на која се повикува „Лајмпрес“, во куќата на Османи е пронајдено дел од оружјето украдено за време на нападот на караулата во Гошинце.