Економија УЈП: Aпликацијата „МојДДВ“ е технички унапредена во однос на скенирањето на фискалните...

УЈП: Aпликацијата „МојДДВ“ е технички унапредена во однос на скенирањето на фискалните сметки

Управата за јавни приходи информираше дека апликацијата „МојДДВ“ е ажурирана и има подобрена верзија.

„Земајќи ги предвид сугестиите на корисниците, во новата верзија има технички унапредувања во однос на скенирањето на фискалните сметки. Притоа, системот „МојДДВ“ непречено функционира и ажурирањето на апликацијата не влијае на фискалните сметки кои што граѓаните досега ги скенирале“, информираат од УЈП.

Заклучно со 30 јули, преку апликацијата „МојДДВ“ скенирани се 6.949.294 фискални сметки, остварен е промет од 3.529.985. 093 денари со пресметан ДДВ во износ од 381.833.364 додека повратот од 15 проценти изнесува 57.275.005 денари.