Македонија „Твитер“ и „Фејсбук“: Б.Ц. се јави, навистина се јави

„Твитер“ и „Фејсбук“: Б.Ц. се јави, навистина се јави

По писменото обраќање на поранешиот лидер на СДСМ, на социјалните мрежи има лавина реакции. Дел од коменатрите се позитивни и го поддржуваат „враќањето“ на некогашниот лидер на најголемата опозициска партија, други, пак, го кудат. Еве дел од коментарите на „Фејсбук“ и на „Твитер“.

Зоран Димовски: Писменото обраќање на Бранко е класична монтажа од странски служби! Тој никогаш не би му честитал на Заев за храброста! Рекоа од ДПМНЕ и си удрија по 5-6 шамари!

Емил Јакимовски: Според евангелието на великомачениник Заев, денес е Бранкојавление! Бранко се јави, вистина се јави!

Миодраг Мисолиќ: БЦ му се става на Заев „целосно на располагање“ и тоа му го порачува преку соопштение. Нема телефон од лидерот на опозицијата или комуницираат само писмено?

Цветин Чилиманов: Бранко се јави, го вика Свештеноцрпнатиот да се дозакова.

Александар Спасовски: Нека е за многу години Бранкојавнление.

Мухамед Зекири: БЦ се јави. Навистина се јави.