Економија Тутунарите незадоволството од продажбата на тутунот ќе го изразат со протест

Тутунарите незадоволството од продажбата на тутунот ќе го изразат со протест

Сојузот на синдикати на земјоделски производители најави дека денеска ќе одржи мирен протест на тутунарите од струмичко-радовишкиот регион, кои се незадоволни од откупот на тутунот.

Протестот, односно блокадата, ќе се орджи  на магистралниот  пат Струмица – Радовиш, кај „Слобода“, и  на магистралниот пат Радовиш – Штип, кај клучката кон селото Ињево. Блокадата би требало да трае до 13 часот.

Протестот на тутунарите е поради незадоволството од откупот на тутунот, кој е проценет претежно во трета и во четврта класа.
Од здружението на тутунари „Басмак“ од општината Василево, пак, се против протестот и повикаа земјоделците да не излегуваат на него.