Свет Балкан Турција забрани верски погребни обреди за пучистите

Турција забрани верски погребни обреди за пучистите

Турската управа за верски работи нема да дозволи верски погребни обреди за лицата кои, како што оцени, извршиле „предавнички напад на државата, народот, турскиот парламент“.

Сепак, забраната нема да се однесува за војниците и за припадниците на безбедносните сили кои биле дел од судирите, а не знаеле за што станува збор.

„Услугите за џеназа и за погреб нема да им се дозволат на убиените пучисти и предавници кои немилосрдно кренаа оружје на голоракиот народ и го нападнаа парламентот и други јавни институции, за да ја соборат легитимната власт во земјата“, стои соопштението на управата за верски работи на Турција.