Свет Турција првпат по 1923 година дозволи да се гради црква

Турција првпат по 1923 година дозволи да се гради црква

Владата на Турција дозволи изградба на црква во Истанбул за сириското малцинство. Ова е првпат од основањето на Република Турција во 1923 година, турската влада да дозволи изградба на црква.

Христијаните се големо малцинство и живеат претежно во западниот дел на Турција, која, според уставот, е секуларна земја со 99 отсто муслимани. Противниците на владејачката Партија на правдата и развојот (АКР) ја обвинуваат власта за „исламистички пресврт“.