Свет Турција ликвидирала 44 припадници на ИД во Ел Баб

Турција ликвидирала 44 припадници на ИД во Ел Баб

Турската војска денеска соопшти дека во северниот сириски град Ел Баб неутрализирала 44 припадници на Исламска држава, а ранила 117.

Во соопштението на војската се наведува дека седум бунтовници се ранети во судирите во изминатиот ден, како и оти се нападнати 154 позиции на ИД.

Турција за време на викендот размести повеќе тенкови и артилерија на границата со Сирија, а испрати и 500 специјалци во Ел Баб, кои се подготвени за конечната битка во градот.