Свет Турција ја повика Русија заедно да се борат против ИД во Сирија

Турција ја повика Русија заедно да се борат против ИД во Сирија

Шефот на турската дипломатија денеска ја повика официјална Москва да им се приклучи во операциите против Исламска држава (ИД) во Сирија.

– Ги разгледуваме сите детали. Независно од кризата во односите со Русија, ние бараме заедно да се бориме против ИД. Сите знаеме каде се наоѓаат џихадистите – рече Чавушоглу.

Во меѓувреме, амбасадорот на Турција во Русија, Умит Јардим соопшти дека е можно и сириските власти да учествуваат во преговорите за решавање на кризата во Сирија.

Тој оцени дека Турција нема ништо против актуелните сириски власти и додаде дека тие би можеле да одиграат голема улога во политичката транзиција.