Свет Турските сили ликвидираа педесетина борци на ИД во Сирија

Турските сили ликвидираа педесетина борци на ИД во Сирија

Турските сили во северниот дел на Сирија убиле најмалку 52 борци на Исламска држава, соопшти денеска Генералштабот на Армијата на Турција.

Од турската армија наведуваат дека турски авиони извршиле напади врз 59 цели на ИД во реонот на градовите Ал Баб и Бзага, при што биле уништени 56 станбени објекти и три командни центри на џихадистите.

Западните медиуми, наведуваат дека во исто време авиони на меѓународната коалиција, предводена од САД, извршиле осум напади врз цели на ИД во реонот на Ал Баб.