Свет Балкан Турски воени авиони нападнаа позиции на ИД во Сирија

Турски воени авиони нападнаа позиции на ИД во Сирија

Турските воздухопловни сили утринава бомбардираа три цели на џихадистичката група Исламска држава во северниот дел на Сирија, соопшти кабинетот на турскиот премиер, Ахмет Давутоглу.

Во соопштението се наведува дека при нападите, кои се извршени од турскиот воздушен простор, се уништени три објекти на ИД.

Официјална Анкара вчера соопшти дека им одобриле на САД да ја користат базата Инџирлик за напади врз ИД.