Хроника Турски државјанин исчезна во водите на Мавровско езеро

Турски државјанин исчезна во водите на Мавровско езеро

Во водите на Мавровско езеро попладнево исчезнал маж, а специјализирани екипи на МВР пребаруваат по дното на брегот во близина на месноста Бунец.

Се претпоставува дека се работи за државјанин на Република Турција на возраст од околу 60 години кој бил на излет.

Попладнево тој со уште еден излетник запливале во езерото. Во еден момент,исчезнатиот почнал да тоне и се обидувал да исплива, по што му се губи трагата.

Другиот излетник допливал до брегот и побарал помош.